Песни

*

Песната

Тоа е живот што го изневерува вообичаеното

И што ја става раката во огнот

Предизвикот

Што отворено се движи кон последиците

Како да сакаш со јазикот

Да ја откорнеш тишината

Како да сакаш да ги сотреш поради освета

Привидите врз кои газиме со стапалата и петиците

Тоа е исто како да умираме со лице свртено кон ѕидот

Наспроти непознатото

За да го докажеме праведното наспроти правилата

Песната оди до крајот на својата заблуда

Така и љубовта

Оди против фактите

Кон својата вртоглавица

Таму каде што желбата

Не е веќе плен на никакви стратегии