Иван Шопов
Северна Македонија
Биографија
Иван Шопов (1987, Скопје) дипломирал Општа и компаративна книжевност на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Ги објавил збирката раскази Азбука и залутани записи (2010), за која ја добил наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, збирката песни во проза Меше на годината (2012), збирката раскази 091 – антиразгледници од Скопје (2018), збирката сатирични текстови Хрониките на Арслан Новинарски (2018), и збирката раскази Скопје: изгубените чевли на градот (2020). Пишува и поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, грчки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик.
На македонски јазик превел книги од Емброуз Бирс, Мадлен Тиен, Мирослав Крлежа, Бојан Бабиќ, Асја Бакиќ, Звонко Карановиќ, Ирена Вркљан, Драгослав Михаиловиќ, Марта Нусбаум и други.

