Песни

33.

Пијано на автобуска станица, мешето на К. прашува за правецот на ветерот и ѝ ги крши нозете на стоногалката што ги збунува патниците.

Сета историја на светот ја собира во кутија од ќибрит и ја фрла преку рамото.

Очите ја преземаат формата на листот од багрем.

Прстите им го отстапуваат местото на пердувите и гудалата.

Се менуваат имињата на планетите. Часовникот се поместува неколку векови поназад и неколку минути понапред.

Тоа меше стигнува навреме на пладневната свеченост на уништувањето на светот и зачувува трепка од заспана жена за новиот почеток.

Тоа меше набавува нуркачка опрема пред да го научи јазикот на рибите. Добива амнезија, а успева да го сочува споменот за гуменото пајче и шампонот што ги пече очите.

Треба да се замисли светот како плоштад со базен наместо папок и да се нурне во него. Треба да се напушти сопствената кожа под дрвото на сознанието. Треба да се стане едно со капките што ги фрла мешето на годината кога скокнува во базенот.