Новости

Известување за продолжување на рокот на конкурсот за поетската награда „Млада Струга“

29 април 2025

Ве известуваме дека го продолжуваме  рокот на Конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2025. Крајниот рок за пријавување е 15мај, 2025 година.   НУМ Струшки вечери на поезијата“  во соработка со Јуроп Хаус и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија ги поканува младите автори да се пријава на Конкурсот за поетската награда „Млада Струга “ 2025 . Можат да се пријават сите автори што ги исполнуваат критериумите на Конкурсот:

Критериуми за учество:

-Наградата „Mлада Струга“ се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант.
-Авторот не смее да биде помлад од 18 години, односно постар од 30 години заклучно со денот на крајниот рок на конкурсот и мора да биде државјанин на Република Северна Македонија.
-На конкурсот пријава може да поднесе исклучиво авторот.
-Еден автор може да учествува само со една необјавена поетска збирка.

Останатите услови од Конкурсот  може да ги видите ТУКА (линк до Конкурсот)

Заради продолжувањето на рокот за пријавување, се поместуваат и роковите: наместо 1 јуни, жири комисијата треба да достави до Управниот одбор на СВП единствен предлог за добитник на наградата заклучно со 15 јуни. Наместо на 10 јуни, добитникот на наградата ќе биде објавен на 20 јуни 2025 година

Поттикнувањето на културната разновидност и создавање на еднакви можности за сите граѓани е една од темелните вредности и на Европската Унија под чие покровителство е и наградата Млада Струга, преку Јуроп Хаус.