Јавен оглас за вработување на неопределено време на две лица во СВП
16 мај 2025Врз основа на член 3, член 5, став 1 и 2, член 6, став 1 и 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 199/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19, 14/20 и 208/24), член 77-а став 1,2 и 5, член 77-б, член 77-в, став 1, член 77-г, член 77-ди член 77-ѓ од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), член 22 и 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.167/15 – преч.текст, 27/16 и 120/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.110/19, 267/20, 151/21 и 288/21), како и одредбите од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекцијата, начинот на спроведување на интервјуот, како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работноместо за кое е објавен јавниот оглас во НУМ „Струшки вечери на поезијата“ Струга бр.02-95/5 од 28.05.2021 и негова измена бр.02-366/7 од 05.12.2024 година, а согласно Правилник се врши изменување на Правилникот за систематизација на работните места во НУМ „Струшки вечери на поезијата” Струга број 01-170/2 од 04.08.2020 година и Правилниците за измена и дополнување број 01-23/1 од 29.01.2021 година, број 02-226/1 од 25.11.2021 година, број 01-218/1 од 02.09.2022 година, број 01-327/1 од 06.12.2023 година, број 01-243/1 од 01.08.2024 година и број 01-55/1 од 13.02.2025, Одлуката за објавување на јавен оглас бр.04-150/1 од 15.05.2025 година и Известувањето за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии бр.19-3529/2 од 13.05.2025 година, НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ Струга, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2025
за вработување на неопределено работно време на две (2) лица
- НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ Струга има потреба од вработување на неопределено работно време на две (2) лица – даватели на услуги, за следните работни места како што следат:
- Уметнички раководител, шифра КУЛ 03 04 Г01 001 – 1 (еден) извршител во одделението за издавачка дејност
Посебни услови: Посебни услови утврдени со закон за авателите на услуги од областа на културата од категоријата Г се:
-ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен, или завршено средно образование
Степен и вид на образование: Високо: Хуманистички науки- Јазици и книжевност/ средно-гимназиско образование
-Работно искуство: за нивоата Г1 и Г2 најмалку пет години работно искуство во струката
Паричен нето износ на плата – 65 919,00 денари
Други посебни услови: Сертификат за активно познавање на англиски, француски или германски јазик
- Стручен соработник за издавачка дејност, шифра КУЛ 03 04 Г02 004 – 1 (еден) извршител во одделението за издавачка дејност
Посебни услови: Посебни услови утврдени со закон за авателите на услуги од областа на културата од категоријата Г се:
-ниво на образование 240 ЕКТС или завршен VII/1 степен, или завршено средно образование
Степен и вид на образование: Високо: Хуманистички науки- Јазици и книжевност/ средно-гимназиско образование
-Работно искуство: за нивоата Г1 и Г2 најмалку пет години работно искуство во струката
Паричен нето износ на плата – 51 155,00 денари
Други посебни услови: Сертификат за активно познавање на англиски, француски или германски јазик
II Кандидатите за работните места треба да ги исполнува следниве општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место;
– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност
или должност.
III Распоред на работно време
– Работното време е од понеделник до петок од 8:00 – до 16:00 часот, со работни часа 40 неделно.
Рокот за доставување на пријавата со потребните документи изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневниот печат и на интернет страната на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ Струга (www.svp.org.mk) (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Изборот ќе се изврши во зависност од бројот на пријавените кандидати но не подоцна од рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ Струга или да се симне од интернет страната www.svp.org.mk. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи (во оригинал или копија заверена на нотар) за исполнување на општите, посебните и другите посебни услови:
- Доказ- Диплома/Уверение за завршено соодветно образование;
- Доказ за работно искуство во струката
- Доказ за познавање на јазик;
- Уверение за државјанство;
- Доказ за општа здравствена способност за работното место/Лекарско уверение (не постаро од шест месеци);
- Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават директно во архивата на НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ Струга или по пошта во затворен плик со назнака „За јавен оглас за вработување бр.01/2025“ на адреса:НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ Струга ул. „Браќа Миладиновци“ број 5, Струга.
За работните места од овој оглас, ќе се спроведе административна селекција и интервју на пријавените кандидати од страна на надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени по јавниот оглас. Пријавените кандидати, кои ја поминале административната селекција, за датумот и местото за одржување на интервјуто, ќе бидат известени на нивните емаил адреси и на телефонските броеви кои ќе бидат наведени во пријавата за вработување.
Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за спроведување на постапката за вработување НУ Филхармонија на Република Северна Македонија.
Во прилог овде може да се видат огласот и пријавата (кликнете за целосен документ)
НУМ „Струшки вечери на поезијата“ Струга
В.д. Директор
Цветанка Маркоска