Песни

Компасот на сонот

Тоа е тој воз uпо забрзано не носи кон сонот:
неговите тркала во слатко лепило тонат.
Напразно се обидуваме да ѕвониме во алармното ѕвоно
бидејќи тоа сето е исполнето со волна.
Која е таа девојка која однадвор дланката ја става
врз прозорецот и наместо пејзаж ја нуди?
А после е премногу доцна кога ќе ни јават
дека возот е над бездна а машинистите – луди.
И кога наоколу ќе се склопи густото море
не стасува да не полази ниту една морница:
оставајќи rи светлините далеку зад себе горе
возот се претвора во мрачна подморница.