Песни

ИЗЛЕТ НА ЗЕМЈАТА

Ајде да скокаме јаже овде, ти и јас. Баш овде!
Ајде да ручаме овде, ти и јас.
Овде ќе те сакам.
Очите ќе ти го одразат небесното синило,
а грбот ќе ти се обои со боја на див пелин.
Ајде да ги научиме, ти и јас, имињата на соѕвездијата.
Овде да сонуваме за сите далечни нешта.
Овде да собираме школки.
И една мала морска ѕвезда
од морето што обзорува.
На појадок да ја фрлиме назад
и да ја оставиме ноќта да си оди.
Овде сал ќе повторувам, ‘Дома сум!’
дури ти ми велиш, ‘Добре дојде!’
Пак и пак ќе се враќам овде.
Овде да се напиеме топол чај.
Овде да си поседиме, ти и јас, за малку да нѐ погали
ладното ветре.