За С.В.П.
С.В.П. 2007
С.В.П. 2006
С.В.П. 2005
С.В.П. 2004
С.В.П. 2003

 
Преведувачка работилница

Работилницата е замислена како релаксирачка работа на поети-преведувачи заедно со млади преведувачи (пред сè студенти на јазик, од кои некои се поети) а потоа претставување на нивната работа преку организирано читање за време на фестивалот.

Предмет на работилницата е преводот на избрани песни (15-20) на познат македонски поет на 6 (шест) странски јазици од кои англиски, германски и француски се постојани, а руски, полски, шпански, и италијански се алтернираат од година до година. Секоја година се кани и преведувач на некој од "поегзотичните" јазици како арапски, хебрејски, шведски итн.

Работилницата е раководена од координатори, искусни и докажани преведувачи од македонски и на македонски јазик.

Учесниците не мора да го познаваат македонскиот јазик, затоа што има млади преведувачи/студенти (на редовни или постдипломски студии) или млади автори (или обете) на сите јазици кои ќе се работат. Сепак, англискиот служи како lingua franca.

Секако ќе се обидеме македонскиот поет да се појави за време на работилницата, или, најдобро, да биде присутен за времетраењето на целата работилница.

Се прават напори местото на одвивање на работилницата да биде во изолиран манастирски комплекс на Охридското Езеро, на 5 км од Струга. Овој комплекс опфаќа и прекрасен хотел со сопствена плажа, каде учесниците би отседнале за време на работилницата.

Учесниците ќе работат во две сесии: претпладневна (до два часа) и попладневна (до два часа). Прецизните часови ќе се разгледаат и утврдат на самото место.

По завршувањето на работилницата, учесниците се вклучуваат во Фестивалската програма и имаат читање на нивните преводи на вечерта посветена на македонскиот поет.

Во зависност од успешноста на преводите, ќе се обидеме тие да бидат издадени на веб-сајтот на СВП или во некое од литературните списанија.





Махмуд Дарвиш
(Палестина)
Добитник на наградата
Златен Венец 2007

Биографија на
Махмуд Дарвиш


Обраќање до
СВП 2007


Избор песни од
Махмуд Дарвиш














NeubautEn web design © 2005 , e-mail