За С.В.П.
С.В.П. 2007
С.В.П. 2006
С.В.П. 2005
С.В.П. 2004
С.В.П. 2003

 
Едиција „Плејади“

Едицијата „Плејади“ е основана во 1999 година како резултат на сè поголемата потреба Струшките вечери на поезијата поцелосно да ги претстават познатите поети-учесници од целиот свет. Симболиката на соѕвездието Плејади, кое се состои од седум ѕвезди, сугерира превод и објавување на исто толкав број поетски збирки. Поради објективни околности (финансии, потешкотии околу преводи, авторски права и сл.), се случувало бројот на издадени збирки да варира од година во година, за тој да се стабилизира во последните три години.

I коло, 1999

Славко Михалиќ (Хрватска), „Градина на црните јаболка“
Блага Димитрова (Бугарија), „Лузни“
Вјачеслав Купријанов (Русија), „Вежби по пеење и мислење“
Фатос Арапи (Албанија), „Ден со тага“
Маркос Мескос (Грција), „Далечна земја“
Кенет Вајт (Канада), „Патувања низ талкачките мугри“


II коло, 2000

Иштван Аг (Унгарија), „Цветен сон“
Вено Тауфер (Словенија), „Раната на светот“
Јан Твардовски (Полска), „Љубовта љубов бара“
Ездимир Инџе (Турција), „Лицето на стравот“
Амир Ор (Израел), „Давејќи се дишам жива вода“
Рајнер Кунце (Германија), „Поезија“
Томас Транстромер (Шведска), „Кога снегулките расцутуваат во вселената“

III коло, 2001

Жан Ложие (Франција), „Јубилеј“
Милан Руфос (Словачка), „Катадневен дијалог“
Мохамед Бенис (Мароко), „Дарот на празнината“
Радмила Лазиќ (СРЦГ), „Метафизика на самракот“
Леополдо де Луис (Шпанија), „Оттука не си оди никој“

IV коло, 2002

Том Пецинис (Австралија), „Наследство“
Катарина Фростенсон (Шведска), „Гласови од рамнината“

V коло, 2003

Сафа Фати (Египет), „Прва и последна“
Марко Вешовиќ (Босна и Херцеговина), „Полска коњица“
Павло Мовчан (Украина), „Жртвеник“
Елен Дорион (Канада), „Светлини и сенки“
Николај К'нчев (Бугарија), „Со јака од камен воденички камен“
Анастасис Вистонитис (Грција), „Внатрешен прогон“
Дритеро Аголи (Албанија), „Поразот на Лек Дукаѓини“

VI коло, 2004

Абдел Кадер Ел Џанаби (Ирак), „Сол и сеќавања“
Беи Дао (Кина), „Постела од несоница“
Артуро Коркуера (Перу), „Играта на птицата и кафезот“
Ана Бландијана (Романија), „Архангел во саѓи“
Џон Ф. Дин (Ирска), „Тестамент на болката“
Филип Џонс (Белгија), „Басна или шума“
Шудип Сен (Индија), „Почвата на Александар“

VII коло, 2005

Таникава Шунтару (Јапонија), „Дреболии“
Брејтен Брејтенбах (Јужна Африка), „Време воено и скудно“
Рита Дав (САД), „Украдено време“
Лионел Ре (Франција), „Слогови од песок“
Лез Мари (Австралија), „Да учиш за човек“
Тарек Елтајеб (Судан), „Камен поголем од небото“
Еди Бурауи (Канада), „Струга“

VIII коло, 2006

Александар Воазар (Швајцарија), „Да се сочува трагата“
Хосе Луис Реина Паласон (Шпанија), „Сјајот на осаменоста“
Казимиро де Брито (Португалија), „Љубовта, смртта и други пороци“
Кнут Едегорд (Норвешка), „Миса и други песни“
Петар Т. Бошковски (Македонија), "Selected Poems"
Селима Хил (Велика Британија), „Имагинарни крави“





Махмуд Дарвиш
(Палестина)
Добитник на наградата
Златен Венец 2007

Биографија на
Махмуд Дарвиш


Обраќање до
СВП 2007


Избор песни од
Махмуд Дарвиш














NeubautEn web design © 2005 , e-mail