Како резултат на иницијативата
што произлегува од заедничкoтo коминике помеѓу
Министерството за култура на Република Македонија
и УНЕСКО, потпишано во 2003 година, меѓу другото,
востановена е и нова награда „Мостови на Струга“.
Оваа награда се доделува за најдобра дебитантска
книга на млад поет од целиот свет.
Наградата се доделува по јавен конкурс што го
распишуваат СВП, и кој е дистрибуиран преку Националните
комисии на УНЕСКО во земјите членки. Избор од
поезијата на добитникот на наградата, како на
сите учесници на конкурсот, се објавува во посебниот
поетски избор „Мостови“, повеќејазично издание:
на мајчиниот јазик на поетот, на македонски јазик
и на еден светски јазик.
Досегашни добитници на наградата „Мостови
на Струга“ за најдобра дебитантска книга на
светот:
2004 Ангело В. Суарез (Филипини)
2005 Андреа Коте (Колумбија)
2006 Маријана Гејде (Руска Федерација)