Наградата „Браќа Миладиновци“
за најдобра поетска книга меѓу два фестивала е
востановена во 1963 година. Браќата Димитар и
Константин Миладинови се познати хуманисти и книжевни
дејци од 19. век, родени во градот Струга. Постариот,
Димитар Миладинов, бил учител и собирач на народни
песни и приказни, а помладиот, Константин, е попознат
како поет. За време на своите студии во Москва
тој ја напишал познатата песна „Т'га за југ“,
која е симбол на фестивалот. Оваа песна традиционално
се чита на повеќе јазици при свеченото отворање.
Браќата Миладиновци
трагично го завршуваат својот живот во отоманските
затвори, во кои попаднале поради својата културна
и образовна дејност. Од 1963., наградата „Браќа
Миладиновци“ важи за најпрестижна годишна национална
награда за поезија во Република Македонија. Наградата
досега е доделена 43 пати по распишан конкурс.
Досегашни добитници
на наградата „Браќа Миладиновци“