Еден од најпривлечните
настани во програмата на Струшките вечери на поезијата
е претставувањето на специјалното издание, Антологија
на една современа национална или регионална поезија
од светот. Благодарение на оваа традиција, македонската
преводна литература е досега збогатена со над
35 вакви проекти.
Овој издавачки подвиг
на Струшките вечери на поезијата и овозможува
на македонската читателска јавност и љубителите
на поезијата да бидат постојано во тек со најновите
и најквалитетните дострели во светската поезија.
Меѓународни
поетски антологии објавени досега: