За С.В.П.
С.В.П. 2007
С.В.П. 2006
С.В.П. 2005
С.В.П. 2004
С.В.П. 2003

 
СВП 2007 - Симпозиум


“БЕЗ ПРОГОНСТВО, КОЈ СУМ ЈАС”
Тези за симпозиумот на “Струшките вечери на поезијата” 2007

  • Егзилот како егзистенцијален перформатив и фундаментална човекова ситуација – егзилот како теолошка/политичко-историска зададеност и егзилот како онтолошка, индивидуално-креативна фигура
  • Прогонството како единствена трајна сигнатура на идентитетот, како conditio sine qua non, како ултимативна егзистенцијална и поетолошка определба, како расчекор меѓу “корените” (фиксното) и “потеклото”(подвижното)
  • Домовноста, припадноста, роднокрајноста – и обратно - загубата на татковина, егзилијарноста, селидбеноста, умножувањето на татковините како книжевни топоси и метафори. Поетски номадизам.
  • Прогонственото поместување на домот-место (меѓу бездомност, невдоменост и повеќедомност) и онтологијата на без-месноста (“овде, во ова не-тука и не-таму јас сум слободен”- Махмуд Дарвиш)
  • Екс-територијалност и политропичност – отаде “принципот” на приземн(ет)иот идентитет
  • Дијаспорични идентитети, литератури и култури - Македонија и Палестина – гласови на прогонството
  • Поетолошкото значење на егзилот за литературата: инкорпорирање на прогонственоста во индивидуалната поетика на авторот
  • Дали и колку прогонството содржи сопствена реторика и претпочитан жанр?
  • “ Да се биде мигрант- во движење, во превод, во другост – е состојба на една поетика, етика и политика.” (Армандо Њиши)

 




Махмуд Дарвиш
(Палестина)
Добитник на наградата
Златен Венец 2007

Биографија на
Махмуд Дарвиш


Обраќање до
СВП 2007


Избор песни од
Махмуд Дарвиш














NeubautEn web design © 2005 , e-mail