За С.В.П.
С.В.П. 2007
С.В.П. 2006
С.В.П. 2005
С.В.П. 2004
С.В.П. 2003

 
Златен Венец 2006

Обраќање до Струшките вечери на поезијата, 2006


Драги пријатели,

Иако зборовите и јазикот одат заедно со личната и националната историја, длабоко сум сигурна дека оваа порака што ја пишувам во наплив на ненадејна возбуда, не ќе може никогаш да ја изрази големата чест и радост што ја почувствував откако ја примив веста дека сум промовирана во поет лауреат на 45. Струшки вечери на поезијата и на Република Македонија. Исто така, длабока е емоцијата да се знае дека, според древните традиции, јас ќе го примам Златниот ловоров венец, главната поетска награда на фестивалот и на Македонија, на свеченоста што по тој повод ќе се одржи за време на фестивалот во август годинава.

Вашата награда, која е е една од најстарите и најголемите поетски награди во западната хемисфера, истовремо е и симболичен оган на поетското писмо во ова наше време. Доволно е човек да ја погледне долгата листа поети кои биле почестени со неа пред мене и да го обземе возбуда, бидејќи таа листа со имињата на наградените поети зрачи со прекрасна енергија, со движечка сила помеѓу различни култури, традиции и човечки суштества. Без оглед на тоа кој јазик го говорите, поезијата минува низ него, низ секој од нас поединечно, учејќи ги сите читатели, вклучително и нас, поетите, дека поезијата може најмногу да придонесе за подобро разбирање меѓу сите народи, меѓу сите поети.

Ве молам, дозволете ми да ја изразам мојата благодарност кон вашата поетска традиција која несебично им дава едно толку големо признание на поетите, но исто така и на традицијата од која јас потекнувам: традицијата на мојот љубен остров Куба, пулсот на Карибите, сончогледот на Латиноамериканската поезија што цвета во една нова ера. Токму овие традиции овозможија оваа значајна награда да ми биде доделена мене.

Со голема благодарност,
Нанси Морехон




Махмуд Дарвиш
(Палестина)
Добитник на наградата
Златен Венец 2007

Биографија на
Махмуд Дарвиш


Обраќање до
СВП 2007


Избор песни од
Махмуд Дарвиш














NeubautEn web design © 2005 , e-mail