За С.В.П.
С.В.П. 2007
С.В.П. 2006
С.В.П. 2005
С.В.П. 2004
С.В.П. 2003

 
СВП 2006 - Симпозиум


Тема: „Песна - слика“:
Поезијата во дијалог со сликарството

Уште од најстарите поетски дела па сè до денес, поетите водат кретивен дијалог со ликовните уметности. Бодлер дури потенцира дека една од дијагнозите на модерната уметност се состои во тоа што тие настојуваат да се надополнуваат и да си даваат нови сили. Тематизиран уште во античката синтагма ut pictura poesis, интересот за интеракцијата меѓу поезијата и сликарството кулминира томку во последната деценија.

Симпозиумот Песна и слика: поезијата во дијалог со сликарството е замислен како дијалог меѓу поети, сликари, теоретичари и естетичари. Рефератите може да се однесуваат, но не се ограничени само, на некои од следните теми и аспекти:


Предлог-тези:

  • Поезијата во дијалог со сликарството
  • Поетската слика наспроти сликата на ликовните дела
  • Дескрипцијата на ликовните дела во поезијата (екфразис)
  • Ликовните дела како илустрација на поетските дела
  • Транспозицијата на ликовните слики во поетскиот контекст
  • Поетскиот текст како повторно создавање на ликовното дело
  • Песната како читање/толкување на сликата
  • Песната како „слика која говори“
  • Интермедијалната поезија како ars poetica/ars pictoria
  • Сликата на уметникот (сликарот/скулпторот/резбарот) во поезијата
  • Стилските аналогии меѓу поетските и ликовните дела
  • Креативната размена меѓу поезијата и сликарството
  • Ривалитетот/натпреварот меѓу уметностите
  • Песната како омаж на сликар(ството)
  • Визуелниот семиозис на поезијата
  • Читателот како набљудувач
  • Визуелната поезија како едновремено пеење, мислење и сликање
  • Поезијата во дијалог со историјата на уметноста

 




Махмуд Дарвиш
(Палестина)
Добитник на наградата
Златен Венец 2007

Биографија на
Махмуд Дарвиш


Обраќање до
СВП 2007


Избор песни од
Махмуд Дарвиш














NeubautEn web design © 2005 , e-mail