Песна од Маријана Гејде
*** („Глупаво е да се крие...“)
Глупаво е да се крие, уште
поглупаво да не се крие
рака в рака и пиштол во џебот спуштен
да се крие, и солзи во спрострен покров:
спуштиш ли поглед а оттаму гледа Вероника
и се смее: лицата не се кријат.
лицата се носат како штит, а други лица
го кршат штитот и во него длабат
две очни длапки, отвор зинат
на устата, од кој навира и шиба
сè она што уште многу пред нас добило име,
и не знаеш кој збор кон што треба да се глави
збунето гледајќи ги предметите што некој пред нас ги
ставил,
зашто меѓу некои од нив нема ни сенка
од сличности со зборовите, што ги изговараат сите.
и устата ја покриваш со рака: не треба, не
да се зборува за тоа, што уште го нема пред нас,
и туѓа уста покриваш со свои усни
затоа за она што го нема, не треба ни да се збори,
а на она што е и реченото му е доста.
|