За С.В.П.
С.В.П. 2007
С.В.П. 2006
С.В.П. 2005
С.В.П. 2004
С.В.П. 2003

 
Златен Венец 2005

Вилијам С. Мервин

(САД)

Вилијам Стенли Мервин е еден од водечките поети во Америка. Во неговата поетска кариера што се протега низ повеќе од пет децении, тој има објавено огромен број наслови од кои најнови се збирките: Склопување на стените, Звукот на реката, Цвет и рака и Зеница , а до крајот на 2005 треба да излезат од печат и неговите Избрани песни 1951-2001 .

Во 1949 година, на 22 годишна возраст, доаѓа во Европа каде во текот на следните седум години работи како тутор и воодушевено ја проучува и преведува европската поетска традиција (од француски, шпански, португалски и латински јазик). Живеел во Франција, Португалија и на Мајорка. За време на престојот во Европа и по неговото враќање во САД ги објавува првите поетски збирки Маска за Јанус (1952, избрана за најквалитетна дебитантска збирка од американски автор од страна на В. Х. Одн), Мечки што танцуваат (1954), Зелено со ѕверови (1956), кои веднаш го исфрлаат во преден план како еден од најталентираните и најоригиналните млади американски поети чија необична поезија во себе вклучува експерименти што дотогаш не се видени и прочитани во современата американска поетска традиција.

По првите книги следуваат и Пијан во печката (1960), Подвижна цел (1963), Вошки (1957), Носач на скали (1970), за која е награден со престижната Пулицерова награда за литература што тој ја одбива заради американското учество во виетнамската војната, Бледите деца на рударот (1970, куса поетска проза), Записи за недовршена музичка придружба (1973), Цветот компас (1977), Куќи и патници (1977, куса поетска проза) и други. За својот поетски опус ги има добиено уште и престижните американски награди: “Танинг”, “Болинген”, наградата на Американската поетска академија (1974), “Рут Лили” и “Ланан” за животно дело.

На крајот од 1970-те Мервин се сели на Хаваите каде ја надградува својата поезија со нови искуства и слики како резултат на што се појавуваат збирките Откривање на островите (1982), Отворање на дланката (1983), Дожд во дрвајата (1987), Патувања (1993), како и збирка куси прозни и есеистички записи Неврамени оригинали (1996).

 




Покрај тоа што е извонредно плоден поет, Мервин е и неуморен преведувач, за што го има добиено највисокото признание за превод во САД на американскиот ПЕН клуб (1979). Од неговите многубројни преводи ќе ги издвоиме: Поемата за Сид (1959), Шпански балади (1960), Сатирите на Персеј (1961), Песната за Роландо (1963), Проѕирноста на светот (1969, песни од Жан Фолејн), Избрани песни на Осип Мандељштам (1974), Еврипидовата Ифигенија (1977), Класична љубовна поезија на Санскрит (1977), Дантеовото Чистилиште , а неодамна и познатата средновековна англиска поема Сер Гавејн и зелениот витез .

Вилијам Стенли Мервин живее и работи на островот Хаики на Хаваите и е вклучен во голем број активности како поборник за зголемување на човековата еколошка свест и за заштита на флората и фауната не само на Хаваите туку и на целиот свет.

 

В.С. Мервин

Одбрани песни





Махмуд Дарвиш
(Палестина)
Добитник на наградата
Златен Венец 2007

Биографија на
Махмуд Дарвиш


Обраќање до
СВП 2007


Избор песни од
Махмуд Дарвиш














NeubautEn web design © 2005 , e-mail