Тема: „Куќа / Праг“ (превземи)
Тези:
- Да се има куќа значи да се има адреса, а адресата е референца за постоењето на една единка. Затоа: “Да се биде значи да се има адреса.”
- Куќата (домот) како егзистенцијална потреба и како симболичен глад за идентитет.
- Археологијата на куќата (визбата, подовите, собите, таванот, покривот...) ја отсликуваат физиологијата на личноста (пр. визбата и таванот можат да се разберат како неговата/нејзината потсвест, итн.)
- Деперсонализацијата на домот води кон неповратно исчезнување на куќата и нејзиниот автентичена нарација.
- Бездомноста на една личност води кон “бездомност” на народите, нациите, земјите, идеолошките системи, вредности, итн.
- Бездомноста како негација на домот и како изјава на слободната волја на избор: “Целиот свет ми е дом.”
- Домот и детството честопати се едно до друго во нашата свест. Тие формираат хронотоп кој идилично упатува на изгубениот рај и така нуди богат креативен потенцијал.
- Прагот во себе ја содржи поетиката на границата. Тоа е симболична пречка за влезот, но и за излезот.
- Прагот како извор на “удобност”, но исто и како наметнато ограничување на слободата на движење: поимот на “куќен притвор” .
- Дијаспората како сурогат за домот.
- Номадизмот, раселување и глобализацијата.
- Домот како opera aperta: недовршен, недостапен и непроценлив доживотен проект.
Учесниците слободно можат да ја прошират оваа листа на тези со свои сознанија и аспекти во врска со темата.
Текстови од
симпозиумот:
Лидија Димковска
Роберт Алаѓозовски
|