За С.В.П.
С.В.П. 2007
С.В.П. 2006
С.В.П. 2005
С.В.П. 2004
С.В.П. 2003

 
СВП 2004 - Преведувачка работилница


Работилницата е замислена како релаксирачка работа на поети-преведувачи заедно со млади преведувачи (пред се студенти на јазик - од кои некои се поети) а потоа претставување на нивната работа на читање за време на фестивалот.

Преведувани се избрани песни од Петко Дабески, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2004. година. Тука можете да ги прочитате преводите, на следниве јазици:

– предмет на работилницата е преводот на избрани песни (15-20) на познат македонски поет на 6 (шест) странски јазици: англиски, германски, руски, француски, шпански (или италијански), и хебрејски. Името на поетот ќе се знае на крајот на јуни.

– преведувачи се поети-учесници кои се веќе искусни при превод и кои се расположени да земат учество.

– работилницата има два координатори: обајцата искусни преведувачи, г-ѓа Маргарет-Пеги Рид и г. Греам В. Рид, професори на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кои предаваат јазик и превод повеќе од 20 години. И двајцата се родени и образовани во Британија, но поголем дел од својата работна кариера ја имаат поминато во Македонија и совршено ги зборуваат обата јазика.

– учесниците не мора да го познаваат македонскиот јазик, затоа што има млади преведувачи/студенти (на редовни или постдипломски студии) или млади автори (или обете) на сите јазици кои ќе се работат. Сепак, англискиот ќе служи како lingua franca.

– секако ќе се обидеме македонскиот поет да се појави за време на работилницата, или, најдобро, да биде присутен за времетраењето на целата работилница.

– сe прават напори местото на одвивање на работилницата да биде во изолиран манастирски комплекс на Охридското Езеро, 5 км од Струга. Овој комплекс исто така опфаќа и прекрасен хотел со сопствена плажа, каде што учесниците би отседнале за време на работилницата.

– учесниците ќе работат во две сесии: претпладневна (до два часа) и попладневна (до два часа). Прецизните часови ќе се разгледаат и утврдат на самото место.

– по завршувањето на работилницата, учесниците и се приклучуваат на Фестивалската програма и имаат читање на нивните преводи на вечерта посветена на македонскиот поет.

– во зависност од успешноста на преводите, ќе се обидеме тие да бидат издадени на веб-сајтот на СВП или во некое од литературните списанија.




Махмуд Дарвиш
(Палестина)
Добитник на наградата
Златен Венец 2007

Биографија на
Махмуд Дарвиш


Обраќање до
СВП 2007


Избор песни од
Махмуд Дарвиш














NeubautEn web design © 2005 , e-mail