За С.В.П.
С.В.П. 2007
С.В.П. 2006
С.В.П. 2005
С.В.П. 2004
С.В.П. 2003

 
СВП 2004 - Мостови
 

Антологија на млади поети од светот

Мостови 2004 (превземи 292 kB PDF)

 

Песна од Ангело В. Суарез
Мама пече мачки

Мајка ми многу сакаше да пече мачки за десерт. Еднаш, мачката скокна
од рерната баш пред крцкаво да потемни. Не разбравме како тоа
и успеа на мачката, но успеала сама да ја отвори рерната.
Секако, настана бркотница - мајка ми како бркач,
а брканиот како четвороножна маса лишена од крзно
и опаш. Татко ми побесне. Кој сака гола мачка
што се брка и трка и се бутка и шутка и ита и
лета низ куќи и се фрла врз нешта
и скапи и кревки? Се скрши драгоцен порцелан.
Стаклениот змеј купен во Хонг Конг на нивното свадбено патување
пукна и се расцепи на две. Винските шишиња што татко ми некогаш ги купил
со план да ја опие мајка ми пред полека да водат љубов
паднаа од рафтовите и се распрснаа. Дури и смарагдниот Буда
купен во Кина на нивната прва годишнина изгуби глава
кога тресна на подот. А и подот, од евтин мермер,
исто така напукна. Конечно, кога на татко ми му здодеа од
мачешката мешаница, ја отвори вратата и ја пушти мачката. Е сега
мајка ми се разочара. Во очајниот обид да ја придобие мачката,
зема канче млеко, и го става на чергичето, гушејќи се
во солзи и губејќи го разумот. Татко ми, од друга страна, се повлекува,
попушта, допушта, се враќа во спална да се опушти и дремне.
Мајка ми, надвор, насолзена и напатена, седи на плочките од скалите
и затвора очи. На сон гледа далечна земја,
место непознато кое грубост не знае, полно е мачки,
каде готвењето е чисто, каде има љубов без потреба.
Гледа семејство. Види ја лигата од уста што и паѓа.
Види ја насмевката што на усни и се раѓа.

 

 




Махмуд Дарвиш
(Палестина)
Добитник на наградата
Златен Венец 2007

Биографија на
Махмуд Дарвиш


Обраќање до
СВП 2007


Избор песни од
Махмуд Дарвиш














NeubautEn web design © 2005 , e-mail