Градот Струга се наоѓа на северниот дел од Охридското езеро, околу двата брега на реката Црн Дрим.
Струга е стара
населба која потекнува од неолитскиот период.
Во антиката, Струга има многу профитирано поради
тоа што се наоѓала на патот Виа Игнација, кој
ги поврзувал источното и западното римско царство.
Старото име на Струга било Енхалон, што значи
јагула. Тоа не изненадува, затоа што јагулите
од Охридското езеро го започнувале патот до Саргаското
Море од Струга. Сегашното име - Струга - е со
словенско потекло, и значи место за лов.
Струга е престолнината на поезијата и една од лулките на македонскиот духовен препород во 19. век, затоа што е родно место на извонредните поети и учители, браќата Димитрија и Константин Миладинов. Тука, човек се вљубува во истекот на реката Црн Дрим, која се влева во Охридското Езеро и тече низ него, за повторно да се појави со своите бистри зелени води и да ја разубави и онака убавата Струга.
Градот е познато туристичко одредиште и вечна
инспирација за поетите од светот. Од 1962, секоја
година, во втората половина на август, Струшките
вечери на поезијата, кои се оддржуваат во чест
на браќата Миладинов, прибираат поети од сите
континенти. Струшкиот фестивал на поезијата е
еден од најстарите, најголемите и најпознатите
од тој тип во светот.
Во спектакуларниот поетски настан познат како
„Мостови“, поетите ги читаат своите дела од мостот
под кој реката Црн Дрим истекува од Охридското
Езеро, пред публика од десетина илјади луѓе. Некои
од најголемие поети на светот се добитници на
Златниот венец, најголемото признание на фестивалот.
Постојат повеќе културни споменици во Струга и нејзината околина, како на пример манастирот Калишта, на неколку километри од центарот на градот, кој се наоѓа на брегот на Охридското Езеро. Се верува дека потекнува од 15. век, со фрески од 15. и 16. век.
Во Црквата Света Богородица во селото Враништа се верува дека е крунисан Цар Самоил. Црквата има многу врати и населението ја нарекува „кралската црква“.
Една друга црква
во градот, Св. Ѓорѓи, која е изградена на темелите
на Самоиловата црква, има многу икони од 14.,
15. и 16. век. Близу селото Радолишта, откриена
е базилика од 4. век, со необично убав мозаик.
Во културно-историските споменици од Струга може
да се вброи и старата градска архитектура од 18.
и 19. век.
Историскиот град Охрид, на само 15 километри од Струга, исто така се наоѓа на брегот на прекрасното Охридско Езеро. |