Ефтим Клетников
е роден во 1946 година во Негрево (Малешево), Република
Македонија. Поет, есеист, критичар и преведувач. Студирал
литература на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во
Скопје, а по дипломирањето работел како новинар и уредник
на повеќе литературни списанија. Неговата прва поетска
книга е објавена во 1977 година. Досега има објавено петнаесетина
поетски збирки за возрасни и деца, а во 1980 година за
збирката „Окото на темниот“ ја има фобиено наградата „Браќа
Миладиновци“ на СВП. Избори од неговата поезија се објавени
на српски, албански, англиски, француски, руски итн. Тој
и самиот преведува од руски, француски, српски, хрватски
и словенечки. Составувач е и на неколку антологии на современа
македонска поезија.
За својата најнова книга „Живиот
камен“ годинава е повторно добитник на наградата „Браќа
Миладиновци“ на СВП.
|