“Кој е кој”
“Кој е кој” е сигурно едно од најбараните изданија на СВП за време и по фестивалот. Ова издание е од антологиски тип и во себе содржи био-библиографски податоци и фотографии на сите поети учесници на фестивалот во тековната година, како и нивна поезија на повеќе јазици. Тоа ја содржи и програмата на фестивалот, и имињата и логоата на сите евентуални спонзори, институции и фондации кои ги помогнале реализирањето на програмата и издавачката дејност на фестивалот.
Македонска антологија
Имајќи предвид дека македонското поетско наследство беше малку презентирано во превод на странски јазици во текот на фестивалот, Управниот одбор на СВП донесе одлука секоја година, за време на фестивалот да се промовира по еден тематски избор од современата македонска поезија, објавен во два тома: на македонски и на англиски јазик. Во македонското издание поетите од другите етнички заедници во Македонија се објавени двојазично: на македонски и на јазикот на етничката заедница.
Тематски избори од современата македонска поезија
1999 На крај од милениумот
2000 Орфеј и Исус (Библиски мотиви)
2001 Песноносници (Антологија на добитници на наградата “Браќа Миладиновци”)
2002 Тело и струна (Љубовни и еротски мотиви)
2003 Течно сонце (Водата – Сушата)
2004 Куќа цел свет (Куќата – Прагот)
2005 Тишината меѓу два збора (Ars Poetica)
2006 Ut Pictura Poesis (тематски избор на современа македонска поезија)
Антологија на една современа национална/регионална поезија од светот
Еден од најпривлечните настани во програмата на Струшките вечери на поезијата е претставувањето на специјалното издание, Антологија на една современа национална/регионална поезија од светот. Благодарение на оваа традиција, македонската преводна литература е досега збогатена со над 35 вакви проекти. Овој издавачки подвиг на Струшките вечери на поезијата и овозможува на македонската читачка јавност и љубителите да бидат постојано во тек со најновите и најквалитетните дострели во светската поезија.
Меѓународни поетски антологии
1971 Современа италијанска поезија
1972 Современа советска поезија; Антологија на романската поезија
1973 Современа полска поезија
1974 Современа чилеанска поезија
1976 Финска поезија
1977 Современа алжирска поезија
1978 Современа палестинска поезија; Германска поезија на ХХ век
1979 Модерна американска поезија
1980 Нова унгарска поезија; Современа индиска поезија
1981 Современа грчка поезија
1982 Австриска поезија на ХХ век
1983 Современа венецуелска поезија; Современа поезија на Чехословачка
1984 Современа египетска поезија
1985 Нова кинеска поезија
1987 Современа австралиска поезија
1988 Современа шведска поезија
1989 Современа белгиска поезија
1990 Современа британска поезија
1991 Современа швајцарска поезија
1992 Современа поезија на Луксембург
1993 Современа италијанска поезија
1994 Современа германска поезија
1995 Современа данска поезија
1996 Современа албанска поезија
1997 Современа корејска поезија
1998 Шпанска поезија на ХХ век
1999 Современа бугарска поезија
2000 Современа руска поезија
2001 Современа португалска поезија
2002 Современа поезија на Тунис
2003 Современа индиска поезија напишана на англиски
2004 Современа холандска поезија
2005 Современа израелска поезија
2006 Современа карипска поезија
2007 Современа турска поезија
2008 Современа украинска поезија
“Плејади”
Едицијата “Плејади” е основана во 1999 година како резултат на се поголемата потреба Струшките вечери на поезијата поцелосно да ги претстават познатите поети учесници од целиот свет. Симболиката на соѕвездието Плејади што се состои од седум ѕвезди сугерира превод и објавување на исто толкав број поетски збирки. Како и да е, заради објективни околности (финансии, потешкотии околу преводи, авторски права и сл.), се случувало бројот на издадени збирки да варира од година во година, за тој да се стабилизира во последните три години.
I коло, 1999
Славко Михалиќ (Хрватска), Градина на црните јаболка
Блага Димитрова (Бугарија), Лузни
Вјачеслав Купријанов (Русија), Вежби по пеење и мислење
Фатос Арапи (Албанија), Ден со тага
Маркос Мескос (Грција), Далечна земја
Кенет Вајт (Канада), Патувања низ талкачките мугри
II коло, 2000
Иштван Аг (Унгарија), Цветен сон
Вено Тауфер (Словенија), Раната на светот
Јан Твардовски (Полска), Љубовта љубов бара
Ездимир Инџе (Турција), Лицето на стравот
Амир Ор (Израел), Давејќи се дишам жива вода
Рајнер Кунце (Германија), Поезија
Томас Транстромер (Шведска), Кога снегулките расцутуваат во вселената
III коло, 2001
Жан Ложие (Франција), Јубилеј
Милан Руфос (Словачка), Катадневен дијалог
Мохамед Бенис (Мароко), Дарот на празнината
Радмила Лазиќ (СРЦГ), Метафизика на самракот
Леополдо де Луис (Шпанија), Оттука не си оди никој
IV коло, 2002
Том Пецинис (Австралија), Наследство
Катарина Фростенсон (Шведска), Гласови од рамнината
V коло, 2003
Сафа Фати (Египет), Прва и последна
Марко Вешовиќ (Босна и Херцеговина), Полска коњица
Павло Мовчан (Украина), Жртвеник
Елен Дорион (Канада), Светлини и сенки
Николај К’нчев (Бугарија), Со јака од камен воденички камен
Анастасис Вистонитис (Грција), Внатрешен прогон
Дритеро Аголи (Албанија), Поразот на Лек Дукаѓини
VI коло, 2004
Абдел Кадер Ел Џанаби (Ирак), Сол и сеќавања
Беи Дао (Кина), Постела од несоница
Артуро Коркуера (Перу), Играта на птицата и кафезот
Ана Бландијана (Романија), Архангел во саѓи
Џон Ф. Дин (Ирска), Тестамент на болката
Филип Џонс (Белгија), Басна или шума
Шудип Сен (Индија), Почвата на Александар
VII коло, 2005
Таникава Шунтару (Јапонија), Дреболии
Брејтен Брејтенбах (Јужна Африка), Време воено и скудно
Рита Дав (САД), Украдено време
Лионел Ре (Франција), Слогови од песок
Лез Мари (Австралија), Да уцис за цовек
Тарек Елтајеб (Судан), Камен поголем од небото
Еди Бурауи (Канада), Струга
VIII коло, 2006
Кнут Едегорд (Норвешка), Миса и други песни
Селима Хил (Велика Британија), Имагинарни крави
Казимиро де Брито (Португалија), Љубовта, смртта и други пороци
Хосе Луис Реина Паласон (Шпанија), Сјајот на осаменоста
Александар Воазар (Швајцарија), Да се сочува трагата
Петар Т. Бошковски (Р. Македонија), Selected poems
Петко Дабески (Р. Македонија), Параболи и каприча
IX коло, 2007
Џавахир Спахиу (Албанија), Окото на пат
Лилијан Вутерс (Белгија), Тука и сега
Бернард Видер (Австрија), Ослободени зборови
Сјон (Исланд), Астрономија на гладниот
Каролин Форше (САД), Син час
Пиа Тафдруп (Данска), Белези на галежот
Матеја Матевски (Р. Македонија), Не ќе има Тројанска војна
X коло, 2008
Иван Гранитски (Бугарија), Небесна и земна
Братислав Ташковски (Р. Македонија), Тхе еѕе оф тхе ангел
Марек Вавжкиевич (Полска), Светлина
Рима Казакова (Русија), Спротивно
2009
Струшки вечери на поезијата