БИО-БИБЛИОГРАФИЈА НА ЉУБОМИР ЛЕВЧЕВ
Љубомир Левчев е роден на 27 април 1935 година во градот Тројан. Завршил Филозофско-историски факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Бил уредник и главен уредник на весникот „Литературен фронт“ (1961-1971), прв заменик-министер за култура на Бугарија (1975-1979), претседател на Сојузот на бугарските писатели (1979-1989). Од 1991 година е уредник и сопственик на издавачката куќа „Орфеј“ и на истоименото меѓународно списание.

Неговата прва поетска книга „Ѕвездите се мои“ излегува во 1957 година. Во 2007 година ја публикува поетската збирка „Последни поеми“. Во тој период од 50 години објавил повеќе од 30 книги поезија, како и романите „Убиј го Бугаринот!“ (1988) и “Ти си следниот“ (1998). Во 2008 година излегува од печат седмиот и последен том од неговите Избрани дела со наслов „Опасна слобода“. Поетското дело на Левчев е објавувано во 34 земји со 70 одделни книги.

Љубомир Левчев е заслужен деец на културата (1997), почесен доктор на науките е на Бугарскиот слободен универзитет, редовен член на Европската академија за уметност, наука и култура од Париз, член-основач на Европската академија за поезија од Луксембург, член на меѓународниот дом на поезијата во Брисел, член на Меѓународниот литературен фонд од Москва и почесен член на „Каза национал де поезија“ од Лима.

За својот поетски опус е носител на бугарските и меѓународни награди:

- Димитровска награда (1972)
- Награда на Сојузот на бугарските писатели (1973)
- Национална награда „Вапцаров“ (1973)
- Наградата за поезија „Пењо Пенев“ (1984)
- Наградата „Борис Полевој“ 91985)
- Златен орден на поезијата на Францускиот институт од Париз и титулата Рицар на поезијата (1985)
- Големата награда на Институтот „Пушкин“и на Сорбона (1989)
- Наградата „Димчо Дебелјанов“ (1990)
- Светската награда за мистична поезија „Фернандо Риело“ (1993)
- Меѓународната награда на Украина - „Дружба“ (1997)
- Големата награда „Злата муза“ – Русија (2005)
- Наградата „Арка“ – Србија (2006)
- Националната награда „Христо Данов“ (2008)

Љубомир Левчев е носител и национални и меѓународни ордени и признанија:

- Медал „Никола Коперник“ (1973)
- Почесен знак на Асоцијацијата на писателите, композиторите и актерите на Португалија (1975)
- Почесен знак од Прв степен на Софија (1979)
- Почесен знак на сојузот на советските писатели (1981)
- Златен орден “Ал Кувајт“ (1982)
- Орден на Асоцијацијата на венецуелските писатели (1985)
- Орден за заслуги на Полска (1985)
- Орден „Георги Димитров“ (1985)
- Почесен знак „Симон Боливар“ (1987)
- Почесен знак на УНЕСКО – „Виктор Иго“ (1989)
- Орден за заслуги на Украина (1997)
- Орден од Прв степен „Стара планина“ (2005)

Книги на бугарски јазик:

- Ѕвездите се мои, Софија, Народна младина, 1975
- Засекогаш, Софија, Бугарски писател, 1960
- Позиција, Софија, Бугарски писател, 1962
- Но пред да остарам, Софија, Бугарски писател, 1964
- Пристрасности, Софија, Бугарски писател, 1966
- Опсерваторија, Софија, Бугарски писател, 1967
- Рецитал, Софија, Бугарски писател, 1968
- Песни, Софија, Народна младина, 1970, 1972
- Стрелиште, Софија, Бугарски писател, 1971, 1974
- Поеми, Софија, Профиздат, 1972
- Ѕвездопат, Софија, Бугарски писател, 1973
- Дневник за горење, Софија, Народна младина, 1973, 1975
- Слобода, Софија, Бугарски писател, 1975
- Самоосуда, Софија, Бугарски писател, 1975
- Излез, Софија, Народна младина, 1976
- Поздрав на огнот, Софија, Бугарски писател, 1978
- По љубовта, Пловдив, Христо Данов, 1980
- Време за херои, Софија, Бугарски писател, 1980
- Извадок, Софија, Народна младина, 1980
- Заклетви, Софија, Бугарски писател, 1981
- Поеми, Пловдив, Христо Данов, 1981
- Настапот на мечтите, Софија, профиздат, 1982
- Лак, Пловдив, Христо Данов, 1983
- Изречени зборови, Варна, Г. Бакалов, 1983
- Самоосуда ` 83, Софија, Бугарски писател, 1983
- Работничка крв, Софија, Профиздат, 1984
- Бавен марш, Софија, Бугарски писател, 1984
- Избрана поезија во две книги, Софија, Бугарски писател, 1985
- Метроном, Софија, Бугарски писател, 1986
- Поетското искуство, Пловдив, Христо Данов, 1986, 2003
- Васил Андреев, Софија, Профиздат, 1986
- Убиј го Бугаринот!, Софија, Бугарски писател, 1988, 1989
- Седмата смрт, Пловдив, Христо Данов, 1989
- Рицарот, Смртта и Ѓаволот, Софија, Христо Ботев, 1992
- Отаде и други песни, Софија, УИ Св. Кл. Охридски, ИК Орфеј, 1994
- Календар без месечина, Софија, Хемус, 1995
- Небесен пад, Софија, УИ Св. Кл. Охридски, ИК Орфеј, 1966
- Ти си следниот, Софија, Труд, 1998
- Прстен и други подготвености, Софија, УИ Св. Кл. Охридски, ИК Орфеј, 1999
- Гладијаторот со меч од зрак, Софија, Захариј Стојанов, 1999
- Магнолија, Велико Трново, Габеров, 2001
- Селена. Левото око на боговите, Софија, УИ Св. Кл. Охридски, ИК Орфеј, 2001
- Каприци, Плевен, ЕА, 2002
- Вечерен акт, Софија, Агора, 2003
- Пепел од светлина, Софија, ИК Орфеј, УИ Св. Кл. Охридски, 2005
- Избрани дела во 7 томови, Софија, Захариј Стојанов, 2005-2008
- Завршници, Софија, ИК Орфеј, УИ Св. Кл. Охридски, 2006
- Последни поеми, Софија, ИК Орфеј, УИ Св. Кл. Охридски, 2007

Книги во странство (додаток оригинали):

- Во Англија (1)
- Белгија (3)
- Бразил (2)
- Венецуела (1)
- Германија (4)
- Грција (4)
- Индија (2)
- Ирска (1)
- Шпанија (1)
- Италија (3)
- Канада (1)
- Колумбија (1)
- Куба (1)
- Македонија (1)
- Никарагва (1)
- Перу (2)
- Полска (2)
- Романија (1)
- Русија (13)
- САД (5)
- Сирија (2)
- Словачка (1)
- Србија (3)
- Турција (3)
- Унгарија (1)
- Финска (1)
- Франција (6)
- Чешка (2)
- Шведска (1)
2009
Струшки вечери на поезијата