Наградата “Браќа Миладиновци” за најдобра поетска книга меѓу два фестивала е востановена во 1963 година. Браќата Димитар и Константин Миладинови се познати хуманисти и книжевни дејци од 19 век, родени во градот Струга. Постариот, Димитар Миладинов, бил учител и собирач на народни песни и приказни, а помладиот, Константин, е попознат како поет. За време на своите студии во Москва тој ја напишал познатата песна “Т’га за југ” што е симбол на фестивалот. Оваа песна традиционално се чита на повеќе јазици при свеченото отворање. Браќата Миладиновци трагично го завршуваат својот живот во отоманските затвори, во кои попаднале заради својата културна и образовна дејност.
Од 1963 наградата “Браќа Миладиновци” важи за најпрестижна годишна национална награда за поезија во Република Македонија. Наградата е досега доделувана 43 пати по распишан конкурс.
1963 Матеја Матевски: ” Рамноденица”
1964 Анте Поповски: “Непокор”
1965 Радован Павловски: “Корабија”
1966 Богомил Ѓузел: “Мироносници”
1967 Влада Урошевиќ:” Летен дожд”
1968 Петре М.Андреевски: “Дениција”
1969 Миле Неделкоски: “Еретикон-Еротикон”
1970 Петар Т.Бошковски:” Постела од трње”
1971 Петре М.Андреевски:” Дални наковални”
1972 Богомил Ѓузел: “Бунар во времето”
1973 Влада Урошевиќ: “Ѕвездена терезија”
1974 Блаже Конески:” Записи”
1975 Гане Тодоровски:” Снеубавен ден”
1976 Ацо Шопов:” Песна за црната жена”
1977 Атанас Вангелов: Тлетки и привиденија”
1978 Милован Стефановски: “Ѕид пред бескрајот”
1979 Славко Јаневски: “Оковано јаболко”
1987 Петко Дабески: “Четврта координата„
1988 Славко Јаневски: ”Песји шуми”
1989 Катица Кулафкова: “Зедби”
1990 Раде Силјан: “Заѕидување на сенката”
1991 Ристо Василевски:”Плодоред”
1992 Јордан Даниловски: “Коба”
1993 Бранко Цветкоски: “Молитвен веј”
1994 Петре Бакевски: “Низ златниот прстен на сонцето”
1995 Анте Поповски: ”Провиденија”
1996 Светлана Христова-Јоциќ: ”С.Бесмртна”
1997 Глигор Стојковски: “Заборавеното око на бескрајот”
1998 Гордана Михајлова-Бошнаковска: ”Планини од картонски кутии”
1999 Јован Котески: “Разор”
2000 Славе Горѓо Димоски: “Темно место”
2001 Санде Стојчевски “Трмка”
2002 Радован Павловски „Штит„